АДВОКАТ
Даниела Настова Пиштолова
Профил
Родена е на 12.08.1977 во Велес, Република Македонија.
Своето основно и средно образование го завршува во Неготино каде што и живее во тој период. Уште од средношколските денови се занимава и учествува во различни активности поврзани со образовниот систем во Р.Македонија.
На 16 годишна возраст е избрана за член на Извршен Одбор на Унијата на средношколци на Република Македонија.
По завршувањето на средното училиште, се запишува на Правниот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, насока Правни студии.
Пред крајот на своите студии, во 1999 година, се приклучува на хуманитарната работа на Меѓународната организација за миграции - ИОМ, кога и го стекнува своето прво работно искуство.
Има учествувано во разноразни активности и проекти кои ги реализираше ИОМ во тој период, меѓу кои се издвојуваат евакуација и репатријација на бегалците од Косово, како и репатријација на жртвите од трговија со луѓе.
По дипломирањето, со волонтерски активности се вклучува во Здружението на граѓани за психолошки работи БУДЕЊЕ - Неготино, каде што учествува во повеќе проекти од битно значење за општеството, кои што беа реализирани во соработка со меѓународни институции и фондации и кои активности сеуште траат.
Своето професионално искуство го стекнува со обавување на приправнички стаж во траење од две години кај адвокат, за да по завршувањето на овој период го положи Правосудниот испит и да остане да работи како адвокатски стручен соработник во адвокатската канцеларија.
Во овој период од четири години и шест месеци, кога работеше во адвокатската канцеларија, беше вклучена во многу стручни проекти и активности при што се стекна со огромно искуствоод различни области во правото.
Во Декември 2004 година, положи и стручен испит за застапници на правото на индустриска сопственост пред Државниот завод за заштита на индустриската сопственост кога и се регистрира како застапник на интелектуална сопственост.
Својата канцеларија ја отвори со цел пружање на квалитетни правни услуги за потребите на клиентите. Своето искуство, знаење и пракса ја стекнува со огромен труд, посветеност на работата, пожртвуваност, упорност и пред се цврста воља за напредување.
